Во одговор на новинарско прашање за тоа како ги коментира вчерашните изјави на еврокомесарот Хан, премиерот Груевски појасни дека еврокомесарот и во рамки на посетата на Македонија и во телефонски разговор напоменал дека се размислува да се испратат еден или неколку европратеници или нешто слично кои што би биле олеснувачи во политичкиот дијалог и еден познат правник со кредибилитет којшто би го набљудувал процесот во судот.
– Јас му кажав дека што се однесува до мене како премиер, што се однесува до Владата, ние нема да имаме против, напротив не еден, единаесет нека пратат, затоа што фактите и аргументите се добро познати и кој и да дојде, што и да види ќе се увери во тоа што е вистината и во тоа што и го презентиравме на македонската јавност, рече Груевски.
Премиерот Груевски ја отфрли изјавата на известувачот за Западниот Балкан, пратеникот Јосип Јуратовиќ кој во германскиот Бундестаг оцени дека повикувањето на странските служби како одговорни за прислушувањето во Македонија се евтини изговори. Според премиерот, пратеникот не бил целосно информиран.
-Човекот веројатно не е целосно информиран и дава политички став без да ги има сите информации. Се разбира дека прислушувањата се нелагални, овие што ги презентира господинот Заев, рече Груевски на денешната промоција на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“.
Груевски вели дека не игнорира ништо што се случува во земјава, но според него не секој целосно информиран дава изјави за политичката ситуација.
Видео: НОВА