И денеска нема одговор од министерството за еконоимија за писмото кое лично до министерот Дритон Кучи го испратија од секретаријатот на европската енергетска заедница од Виена. И покрај тоа што од таму беа децидни дека мора да се даде писмен одговор за тоа кој стои зад фирмата Балкан Петролеум зад која има цела мрежа на офшор компании и како ќе влијае на пазарот од министерството и покрај обидите одговор не добивме.
Начинот на кој оваа фирма сака да ја превземе најголемата нафтена компанија и незаинтересираноста на институциите може да фрлат уште една црна дамка врз земјава пред очите на меѓународната заедница, вели бизнисменот Ристо Гуштеров .
За темата Макпетрол едногласна беше и експертската јавност која побара надлежните институции да спроведат истрага за луѓето и капиталот на Балкан Петролеум.. Од досегашните информации ова е класичен случај на непријателско и противзаконито преземање на едно акционерско друштво, вели професорот Тито Беличанец.
-Се има впечаток дека Комисијата за хартии од вредност и другите претхидно наведени органи се однесуваат како наблудувачи а не како активни и со законот обврзани учесници во постапката за преземање. Тие треба превентивно да ги проверат сите релевантни факти за преземачот и вистинитоста на податоците кои преземачот ги навел во намерата за превземање и во проспектот. Овие органи, а не органите на АД кое е предмет на преземање гомимаат според законот правото да побараат од сите релевантни органи податоци од земјата и во странство.
Инаку Телма веќе објави дека зад Балкан Петролеум стои цела мрежа на офшор компании кои водат се до девствените острови, дека е основана со влог од илјада евра, и тоа на еден месец пред да ја достави понудата, а со неа се поврзани сомнителни имиња.
Токму поради ваквите информации Европската енергетска заедница пред два дена испратила писмо во кое бара одоговори од министерството за економија, од регулаторната комисија и од комисијата за заштита на конкуренцијата за она што се случува со превземањето на Макпетрол.
Извор: Телма