Еврокомесарот Јоханес Хан во изјава за Телма зборува за имплементација на договорот од 15 јули.
Телма: Комесару Хан, кои конкретни механизми ги имате за да бидете сигурни дека се што сте побарале, ќе биде имплементирано? Дали на пример може да казните некоја од страните, доколку договорот не биде почитуван? Граѓанското општество навистина го интересираат конкретни механизми
Хан : Не е мој стил да казнувам кого било, но тоа што го имаме се навистина различни механизми за мониторинг , со кои ќе ја следиме имплементацијата на извештајот на Прибе но и европските препораки, сите оние работи кои беа договорени меѓу четирите главни политички партии. Се ќе се одвива во јавната сфера и сите може да ја следат имплементацијата. Нашата задача е повеќе да се погрижиме да започнат да имплементираат или да подготвуваат некои работи во соодветно време и пред крајниот рок. Крајниот рок не значи дека одлуките треба да се носат кога тој ќе пристигне, туку треба да се почне порано. Тоа е нашата главна задача, да ги следиме нивните напори да ги реализират договорените мерки,во роковите кои се предвидени. Имаме меѓународен преговарач во земјата, во Скопје, кој посредува во преговорите, го имаме вниманието на јавноста и сигурен сум дека сите се свесни за овој целосно транспарентен процес.
Телма : Дали се уште постои ризик земјата да излезе од курсот кон ЕУ и НАТО, доколку овој договор не биде применет, дали европските интеграции се загрозени?
Хан: Се разбира дека секогаш постои ризик, доколку договореното не биде исполнето. Затоа јас апелирав до сите политички партии, како и денеска, и до клучните играчи, да бидат свесни дека договорот е само почетокот на целиот процес а не крајот на процесот.
Телма: Дали ќе биде полесно да се реши спорот за името со техничката влада?
Хан: Мислам дека ова е прашање на добрососедските односи и среќен сум да забележам одредено придвижување и се надевам дека наесен ќе има дополнителен напредок. Мислам дека сите се свесни за развојот на настаните во земјата во изминатите неколку години и затоа сега има чувство на поголема одговорност и кај европското семејствоТ/В Телма