(ВИДЕО) Хоџиќ: Да не излегувавме масовно, наместо оставка од Ставрески денеска ќе формираа нова Влада

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Сите сме заедно против злото, сите сме заедно против Груевизмот додека не падне. Вториот успех е тоа дека Шарената револуција успеа да ги спушти етнички ѕидови кои ги градат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, нема веќе етнички ѕидови, сите сме заедно против диктатурата на Груевски, рече пред демонстрантите Џелал Хоџиќ.

Почитувани граѓани, да не излегувавме масовно, некогаш и по десетици илјади во Скопје на улица, сега ќе имавме завршени уште едни криминални и наместо Ставрески да си дава оставка, денеска ќе формираа нова Влада. Нема да им помине. И ова е уште една наша голема победа. Да не бевме упорни овие два месеца, аболицијата ќе важеше за криминалците и тие немаше да одговараат за криминалите кои ги направија, рече Хоџиќ од пред Владата./извор а1о фото Мета