(ВИДЕО) Хорор во Сеул: 59 лица загинаа во стампедо, најмалку 150 се повредени

од Nikola Popovski
142 прегледи

Педесет и девет лица загинаа во огромно стампедо во пресрет на празникот Ноќта на вештерките во популарна област во јужнокорејската престолнина, соопштија официјални лица.

Новинската агенција Јонхап ја цитираше службата за вонредни состојби кои велат дека уште 150 се повредени во областа Итаевон во Сеул.

На видеата од местото на настанот се гледаат вреќи со тела на улиците, амбуланти возила и болничари кои се обидуваат да ги извлечат луѓето заробени еден под друг.

Засега се претпоставува дека жртвите биле згмечени од големото трчање и брзање на луѓето во тој дел на Сеул.

Десетици луѓе со срцеви проблеми

Неколку десетици луѓе денеска се пренесени во болница во Сеул поради срцев удар за време на прославата на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот.

Јонхап емитуваше фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаат, а полицијата се обидува да воспостави ред.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти, соопшти претседателството.

Преполната зона „делуваше небезбедно“

Наводно, имало околу 100.000 луѓе во областа кои ја прославиле првата Ноќ на вештерките без маски и на отворено од избувнувањето на пандемијата.

Пораките на социјалните мрежи објавени претходно покажале дека некои луѓе забележале дека областа Итаевон била толку преполна што изгледала небезбедна.

Новинарот на Би-Би-Си, Хосу Ли, кој го посети местото на настанот, рече дека видел „многу медицински персонал, многу амбулантни возила како ги земаат телата едно по едно“.

Хосу Ли вели дека во толпата има илјадници и неколку тела покриени со сини чаршафи, покрај „тони полиција“.

„Вечерва овде се собраа многу млади луѓе. Многу луѓе дојдоа за забава, во костими и многу луѓе што ги видов вознемирени и тажни. Има хаотични сцени“, рече Ли.

Слични содржини