(ВИДЕО) И ДОМ се придружи на Платформата за демократска Македонија

од desk3
130 прегледи

Дозволете да го изразам задоволството од растењето на Платформата за демократска Македонија. ДОМ, како сериозна партија, застанувајќи зад овој документ навистина испраќа сериозни пораки на самата вредност на документот и начелата на коишто полага Платформа за демократска Македонија.

Борејќи се за регуларни, фер и демократски избори, испраќаме заедничка порака дека ова е првиот чекор кон нормализација на државата. Но надежите дефинирани во начелата како враќање на правдата, правната држава, професионализација на полицијата, департизација и деполитизација на институциите, вредностите од аспект на еднаквоста и рамноправноста на граѓаните се сериозни пораки зад коишто сите застануваме и се здружуваме.

-Се-шири-фронтот-за-демократска-Македонија-се-вклучи-и-ДОМ

Во тоа име, поради овој документ што се повеќе расте во подршката, испраќам порака кон сите наши граѓани за ненасилство, за мирен протест доколку одлучиле да протестираат.

Доколку гневот и револтот е голем кај нив сепак да знаат дека ова е наша Македонија и ние мора да ја чуваме. Ова се нашите полицајци и ние мора да водиме грижа за нив, но истовремено испраќам порака и до нашите полицајци да не се случува прекумерена употреба на сила заради тоа што тоа се исто така нашите граѓани , коишто имаат право на своите чувства и на своите реакции.

Народниот правобранител попречен при истрагата за приведените во протестите

Знам дека и денеска има најавено протести. Секако и јас ќе бидам учесник на тие протести заради тоа што и како граѓанин се приклучувам на организацијата на невладините организации. Конечно и таму ќе апелирам, но и овде преку медиумите апелирам за мирни протести, за јасни пораки, водејќи грижа за нашата заедничка Македонија.