Роботен инженер од Калифорнија откри нова машина која намерно боде луѓе со игла со која ја одбележуваме појавата на првиот во светот робот создаден со единствена цел да повреди луѓе, пишува Science Alert.Александар Ребен се надева дека пронајдокот што директно противречи на трите закони на роботиката, ќе разгори етички дебата за иднината на технологијата.
За прв пат тие се споменуваат во расказот “Runaround” од 1942 година и звучи вака:
Роботот не може да предизвика штета на човек или со неактивноста да дозволи на човекот да биде предизвикана штета.
Роботот е должен да се покорува на човекот, ако тоа не е спротивно на Првиот закон.
Роботот е должен да се грижи за сопствената безбедност, ако тоа не е спротивно на првиот и вториот закон.
Роботот на Ребен на прв поглед не изгледа особено заканувачки и претставува црна кутија со механичка рака. Кога ќе се стави прст во металната заграда, роботот “разбира” за присуство и веднаш го продупчва со игла прстот, од кој потекува крв.
Идејата на пронајдокот е да не натера да размислиме за моментот кога машините ќе станат дел од нашиот живот. Во моментов креаторот на една машина е одговорен за нејзините активности, но она што се ќе случува во моментот кога на сцената ќе се појават машини кои можат сами да донесуваат одлуки?
