(ВИДЕО) Илјадници лица се евакуирани поради пожари во Флорида

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Илјадници жители на Флорида во јужниот дел на САД се евакуирани од своите домови поради шумските пожари кои беснеат во регион.

Одделни жаришта има во целата држава. Во моментов од огнот е зафатена површина од 1900 хектари. Вкупно се евакуирани 7.000 жители. Во операцијата за гаснење на огнот учествуваат 500 пожарникари и 10 специјални авиони. Властите се сомневаат дека пожарите може да се подметнати. Прогласена е награда од 5000 долари за информации за можните пиромани.