(ВИДЕО) Инспекцијата на Центар влезе во новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарите и на ОБСЕ не им беше дозволен влез

од desk3
116 прегледи

Новинарите кои ја следат работата на инспекцијата која врши надзор на објектот на ВМРО-ДПМНЕ не се пуштени внатре во зградата.-јави А1он. 

Влез е дозволен само за инспекторите од општина Центар. Засега, пред зградата останаа и претставниците на ОБСЕ.

download

Претходно, Инспекцијата, при увидот на лице место, констатираше дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако за тоа не се исполнети законските предуслови. Односно, објектот е во фаза на изградба и согласно Законот, БЕТОН не може да достави записник од надзорен орган со кој ќе побара технички прием и упис во Катастар. Попрецизно кажано, објектот нема употребна дозвола.