
Групата Исламска джрава (ИД) испрати деца на фронтот во Мосул, коментира Скајњуз. Со овие зборови новинар од британскиот медиум го коментира видеото објавено на интернет.
На кадрите се гледа како двајца тинејџери пукаат кон војниците на ирачката армија во западниот дел на градот. Според податоците на новинската агенција видеото е запишано во стан, кој припаѓал на универзитетот во северниот град, а сега се користи од џихадисти.
Армијата, курдски и арапски милиции почнаа операција за ослободување на Мосул од ИД во октомври и најавија превзимасе на источниот дел на градот. Џихадистите го зазедоа вториот по големина ирачки град во 2014 година.