Откако заврши поклонувањето пред посмртните останки на Борис Немцов, автомобилот со неговото тело се упати кон Троекуровските гробишта, соопшти НТВ. Малку пред тоа властите го прекинаа поклонувањето, иако надвор останаа уште неколку стотици луѓе.Повеќето време редицата од луѓе кои чекаа пред Сахаровския центар, каде беше положен ковчегот со телото на Немцов, достигна 1 километар. Кога жалосниот автомобил тргна, од мноштвото луѓе поделија аплауз, фрлаа цвеќиња.
Роднините на Борис Немцов добија 15 минути насамо, за да можат да се простат со својот близок, по што тргнаа кон гробиштата, каде телото е ставено во гроб.
