
Противници на антиимигрантската “Северна лига” предизвикаа масовни немири во италијанскиот град Неапол, пренесе “Кориере дела Сера”.
Судирите избија покрај посетата на лидерот на десничарската партија – Матео Салвини. Повредени се 16 полицајци, а четворица од демонстрантите се приведени од полицијата. Властите користеа водени топови и солзавец за да ја растераат насобраните толпа, која броеше меѓу 200 и 300 лица.