(ВИДЕО) Иванка Трамп не планира да работи во Белата куќа, го презема бизнисот на нејзиниот татко

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, изјави дека нема да биде дел од администрацијата на својот татко, информира Дејли Меил.

image_5873493_126
Поранешниот модел и сегашна бизнис дама која активно учествува во кампањата на избраниот претседател Доналд Трамп вели дека сега сака да се концентрира на тоа да биде ќерка.
Во 60 минутното интервју на целото семејство Трамп, Иванка објасни дека постојат одредени работи за кои сака да се бори и ја интересираат, како образованието и повеќе можности за жените, но за сега ќе остане во Њујорк, за да се грижи за бизнисот на татко си.
По кампањата и резултатите од изборите жители на Trump Towers, побараа да се преселат, откако демонстранти го зазедоа влезот. Резервациите во хотелите паднаа за 59 проценти, но Иванка и татко и сметаат дека тоа не е важно.

https://youtu.be/EG2cKmZKzYI