(ВИДЕО) Иванов и Ципрас за прашањето за името

од Vladimir Zorba
87 прегледи

sanjaivanov

Од говорницата на генералното Собрание на Обединетите Нации во ист ден претседателот Ѓорѓе Иванов и грчкиот премиер Алексис Ципрас кажаа дека се подобруваат односите меѓу Македонија и Грција преку мерките за градење доверба, информира Телма.

Истовремено остануваат далеку од решение на долгогодишниот спор за името на кој му посветија добар дел од говорите. Претседателот Иванов остро ги искритикува и Обединетите Нации заради непочитување на пресудата од Хаг, но и ЕУ и НАТО заради нивната неодлучност да ја применат и да ја деблокираат интеграцијата на Македонија. Иванов таму ја гледа и причината за внатрешно политичката криза. Сепак е задоволен од подобрувањето на односите со соседите.

– Прашањето за името не смее да биде пречка да остваруваме максимална соработка во сите области од заемен интерес. Но, изгубивме драгоцено време. Јас сум Македонец, моите сограѓани се Македонци и од оваа говорница ви се обраќам на македонски јазик. Бараме сите да не почитуваат како Македонци, како што ние го почитуваме правото на сите да се идентификуваат така како што се чувствуваат. Како што ние, на сите им го почитуваме правото на самоидентификација и човеково достоинство, бараме истото да се однесува и на нас. Сакаме како Македонци да соработуваме и да имаме најдобри односи со сите наши соседи, изјави Ѓорѓе Иванов.

И покрај мерките за градење доверба грчкиот премиер Ципрас повтори дека нема да ги промени црвените линии на неговите претходници.

Целиот текст може да се прочита тука