
Порталот „Слободна Македонија“ му постави прашање на претседателот Ѓорге Иванов, откако во неделата даде изјава за медиумите во поплавеното Стајковци: Дали би препорачале трошоците за „Панорамското тркало“ да се пренасочат за жртвите од поплавите и за создавање на систем за заштита од идни поплави?
„- Тоа е одлука на Влада, прашањето ќе го упатите до влада. Јас како врховен командант, се што е во моја надлежност досега го преземав и во иднина ќе го преземаме она што е во функција на надлежност на институцијата претседател“, изјави Ѓорге Иванов.