(ВИДЕО) Излезе официјалниот трејлер за осмата сезона на „Игра на тронови“

од Vladimir Zorba
111 прегледи

По низа тизери, најави и предизвикувачки кадри, конечно го добивме и официјалниот трејлер за осмата и последна сезона на мегапопуларната ТВ серија „Игра на тронови“. Трејлерот е тензичен и провокативен, како што беше и очекувано. Во оваа дологометражна верзија ги гледаме сите ликови во различните ситуации кои ќе ја отсликаат финалната сезона: битките за победа.

И додека Ајра и Санса за првпат здогледуваат змејови, пред портите на Вестерос се појавува “смртта“.

Серијата изгледува на 14 април, а дотогаш повеќе спојлери можете да барате во видеото.