Јоце Панов синоќа го промовираше видео записот за темата „Брига ме“. Станува збор за летен поп-фолк хит на српски јазик, со кој веројатно Јоце сака да се пробие на балканската турбо-фолк сцена.
Видеозаписот за темата „Брига ме” се снимаше на повеќе локации низ Македонија и Грција, меѓу кои и познатото монденско место Порто Карас, во друштво на неколку згодни девојки. Спотот е дело на Дарио Јанковиќ, а во видеото се појавува и познатиот трубач Џамбо Агушев со својот оркестар, исто како што учествуваа и во снимањето на песната.
Оваа песна е само дел од новиот албум на кој Јоце работи со големите српски хит-мејкери, меѓу кои Жељко Јоксимовиќ, Марина Туцаковиќ, Саша Драгиќ и Драган Брајовиќ – Браја.