(ВИДЕО) Јованоски: Со пари од странски фондови и донатори ќе инвестираме во енергетски-ефикасни фасади и осветлување

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од коалицијата предводена од СДСМ, Илија Јованоски денеска во изјава за медиумите рече дека во неговата програма има мерки и планови за урбан град и за урбанизација на населените места.

– Во соработка со Европската банка за обнова и развој и со средства од ИПА фондовите на Европската Унија, како и други донатори, ќе ја заокружиме финансиската конструкција и ќе инвестираме во енергетска ефикасност на приватните колективни објекти, на индивидуалните станбени објекти во Прилеп и околните населени места. Индустриските објекти, како и објектите коишто се во надлежност на локалната и централната власт, ќе имаат можност да добијат енергетски ефикасни фасади и квалитетно и ефикасно осветлување, рече Јованоски.

Тој додаде дека сите училишта и градинки во општината ќе добијат енергетско-ефикасни фасади и покривни решенија и дека ќе се изврши замена на осветлувањето со енергетско-ефикасно осветлување со користење на ЛЕД диодни светилки.

– Јавното осветлување во градот ќе биде изведено со фото-волтаични системи и ЛЕД диоди и со сензори за синхронизација со дневната светлина. Ќе имаме светли улици, светол град. Паралелно ќе ги намалиме трошоците на граѓаните за електрична енергија и светилки. Во пакет со гасификацијата, ќе воведеме и централно греење. Оваа мерка значително ќе влијае врз намалување на трошоците за енергија, но ќе спречи и загадувањето на градот, рече Јоановски и додаде дека овие проекти ќе бидат реализирани со пари од странски фондови и донатори.