Јужнокорејските војници кои служат крај демилитаризираната зона со Северна Кореј, од време на време ги фрлаат пушките, а цокулите заменуваат со балетски папучи. Ова е 25-та дивизија на јужнокорејската армија, распоредена сосема близу до границата со Северот.
Секоја недела танчерка од Корејскиот национален балет одржува во воената база часови по класичен балет. Целта е да се намали стресот на војниците за заштита на една од најексплозивните граници во светот.
Лекциите имаат повеќе предности споделува потполковник Хео Тае-Сунг.
“Балетот бара голема физичка сила, освен тоа ги зајакнува мускулите, ја зголемува флексибилноста и ја корегира линијата” дополнува офицерот.
Момчињата планираат да одржат претстава на крајот на годината. Тие исполнија фрагменти од “Лебедово езеро” од Чајковски на фестивалот на воената уметност минатиот декември.
