
Видео агенцијата Ruptly распространи видео од борбите за аеродромот на ирачкиот град Мосул. Иако последните успеси на ирачката редовна армија, конечно и даваат можност да воспостават силна контрола околу овој важен стратешки објект, сепак војниците се уште не успеваат да дојдат до таа намера.
Кадрите се снимени од точка што се наоѓа на околу еден километар од зградата на меѓународниот аеродром. Засега ирачките вооружени сили продолжуваат да го контролираат аеродромот и почнаа да се придвижуваат кон јужните делови на градот.
Ирачките владини сили почнаа активна офанзива кон позициите на ИД во регионот на 19 февруари. Крајната цел на армијата на Ирак е ослободувањето на западниот дел на Мосул. Премиерот на Ирак Хајдер ал Абад пред почетокот на операцијата призна дека под вкрстен оган може да се покажат густо населените станбени области на градот.
Операцијата за целосно ослободување на Мосул од исламистите започна на 17 декември 2016 година, во неа, освен ирачката армија, учествуваат Курдите и шиитски милиции. Нивните напори се координирани од коалицијата предводена од САД.