Сите се сеќаваме на Хилари Свонк во филмот “Девојка од милион долари”.
Улогата на боксерката ѝ донесе на холивудската ѕвезда не само “Оскар” за најдобра актерка, но и можноста Хилари да го обликува своето тело.
11 години подоцна ѕвездата изгледа прекрасно и повторно импресионира со својот физикус.
Неодамна 41-годишната ѕвезда се појави на црвениот тепих, облечена во фустан без прерамки. На овој начин акцентот падна на нејзините раце, кои беа добро оформени.
Се разбира, Хилари не се потпира само на добриот ген, за да изгледа вака.
Таа е страствен љубител на салата и понекогаш тренира по четири часа на ден, ако треба да се подготвува за некаква улога.
Освен тоа актерката сака да трча и практикува пилатес два пати неделно.
Ако сакате да имате раце како на Хилари Свонк, пробајте ги вежбите од видеото кои без проблем можете да ги практикувате и самите, во својот дом.