(ВИДЕО) Како да имате стомачни како Гвинет Палтроу

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Со скорешната појава на наградите Греми Гвинет Палтроу уште еднаш го покажа своето одлично тело.0913f93765f3ccd153640355ef4d2aff

Мајката на две деца и возраст од 42 години, мирно може да се натпреварува со своите помлади колешки. Се разбира, добрите резултати се последица на часови вежбање и здрав начин на живот, по што актерката е позната. Всушност Палтроу се потпира на кардио тренинзите на Трејси Андерсон, инспирирани од танцувањето.

“Трејси ме посоветува да мислам за вежбите како на автоматска рутина, исто како миењето на забите. Сега тоа е дел од мојот живот “ , открива шармантната актерка.

Ако и вие сакате да имате рамен стомак како на Гвинет Палтроу, може да ја пробате вежбата од видеото. Со повторувања секој ден, менувајќи ги нозете наименично, како и подигајќи и спуштајќи ги истовремено, ќе дојдете до посакуваниот резултат.

Не смее да заборавите на исхраната, која е неизбежна за губењето на најнепосакуваните масти во пределот околу половината.