(ВИДЕО) Како да се измени Законот за дискриминација?

од Vladimir Zorba
78 прегледи

148292

 

 

Тужба во име на народот – бара Хелсиншкиот комитет во анализата за спречување на случаите на дискриминацијата. Оттаму велат дека се потребни итни зaконски измени со кои ќе се овозможи на невладиниот сeктор да поднесува групна тужба за случаи поврзани со дискриминација, информира 24Вести.

„Оваа одредба од законот е ограничувачка за нас како здруженија на граѓани коишто се бориме за правда на ранливите групи и ќе биде доказ дека Законот навистина ќе треба да се промени. На таков начин ќе овозможиме да се постигне правдата за оние ранливи групи коишто самите не сакаат да иницираат судски постапки за заштита од дискриминација“, изјави Неда Чаковска – Димовска, Хелсиншки комитет за човекови права.

Мисијата за ОБСЕ се залага за примена на ваквите тужби, за како што велат, да го тестираат системот на колективната заштита, правата како и интересите на граѓаните.

Целиот текст можете да го прочитате тука