(ВИДЕО) Како да се преживее од напад на куче

од desk3
84 прегледи

Нападите на кучиња се факт и во светот, и во Македонија. Американскиот експерт Бил Стантон сподели два едноставни и ефективни методи за да преживеете при напад на куче.

0328910001469697079_553350_600x458
Видеото можете да видите тука.
Според Стантон двете методи се различни – едната е физичка, а другата е психолошка, пишува Дејли мејл.
“Физичкиот вклучува да ги спуштиме тацете. Ова му кажува на кучето да се запре. Инстинктот при такви напади сугерира да ги тргнеме рацете од патот на кучето, но всушност ситуацијата бара блокирање. Така имаме пресметана претходно решение каде кучето да касне. Може да нападне на нозе, стомак, грло или лице. Далеку повеќе преферирам да ме гризат раката , бидејќи таа има коска и затоа така ќе имам контрола “, изјави експертот. Исто така е корисно да гледаме надолу, но настрана од кучето. Пожелно е да не се бега, да не се трепери, да не се вика и да не се спротивставувате, бидејќи тоа предизвикува кучето да биде настрвено.
Вториот метод се потпира на психолошка напад кон кучето. Тој се базира на искуството да се уплаши кучето. При вториот метод треба да ги кренеме рацете високо, да заземеме поза на мечка и да почнеме да врескаме заканувачки. Истата тактика се користи и за одбивање на мечки. “Важно е да” станеме што е “можно поголеми и повисоки, за да се обесхрабри кучето. Колку поголеми сме ние, толку помало се чувствува тоа”, изјави Стантон. Тој, сепак, е категоричен дека треба да реагираме на тој начин светкавично, што е можно побрзо и што е можно порано во нападот.