Мултифункционалната сала „Борис Трајковски“ го доби ликот на центар на Министерскиот совет на ОБСЕ, информира министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.
Следејќи ги строгите критериуми на ОБСЕ за организација на овој високопрофилен настан, Османи појаснува дека преземени беа сите логистички и административни аспекти со кои се гарантира одржување на состанокот на министри на земјите-учеснички на ОБСЕ на највисоко ниво.
-Целосната пренаменетата на салата „Борис Трајковски“ во конференциски центар, која траеше повеќе од три месеци, е подготвен да ги прими делегациите на 76 земји, 57 земји-ученички на ОБСЕ и земјите од Медитеранската и Азиската група партнери за соработка или повеќе од 1000 претставници на светската дипломатија, посочи Османи.
Како се одвиваше трансформација на салата „Борис Трајковски“ за потребите на Министерскиот совет на ОБСЕ погледнете на линкот: