(ВИДЕО) Како се менувале машките фризури во последните 100 години

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Убавината, како се побрзо растечка индустрија, одамна не ја опфаќа само и единствено понежната половина од човештвото.

Сè почесто забележуваме диктирање на трендови за машкиот изглед и стилски предлози за силните половини.

Тоа во никој случај не е изненадување, особено ако се има предвид фактот дека кожата и косата бараат исти грижи и кај мажите и кај жените.100-Years-of-Beauty-Episode-12-USA-Men-Samuel

Познатите личности, социјалните промени и општествените ставови диктираат дадени стереотипи кои го наоѓаат своето место во посебен видео клип.

Во три минути беа собрани сите фризури, актуелни во последните 100 години, а споредбата помеѓу нив е исклучително забавна.

Високата пунџа кај мажите во горниот дел и класичниот изглед за 80-те години се претставени на забавен и интересен начин.