Со оглед на денешната динамика и интензитет на вежбање, ова зачудувачко видео прикажува како жените се грижеле за својата фигура во 40-тите години. Очигледно нив не им паѓало на памет да се препотуваат и изнемоштуваат во фитнес салата -справите се грижеле самите за тоа.
Овој клип ни ги презентира вибрирачките и тркалачки машини кои биле дизајнирани да тресат и се тркалаат по одредени делови од телото на жената, па така да ги согорат вишоците.
Умни биле овие жени кои со насмевка си “одморале“ додека слабееле.