(ВИДЕО) Камион од Македонија со 21 тон муниција за Израел блокиран во грчкото пристаниште Пиреја

од Илинка Илиоска
1,1K прегледи

Десетици пристанишни работници во Пиреја блокирале товарење на контејнери со муниција наменета за Израел, протестирајќи против војната во Појасот Газа, изјавија денеска претставници на синдикатот и крајбрежната стража за Ројтерс. Според синдикалец кој сакал да остане анонимен, „контејнерот со 21 тон муниција пристигнал во Пиреја вчера, носен од камион од Македонија“. Товарот бил наменет за брод под знамето на Маршалските Острови, кој требало да го пренесе во Израел.

„Време е да се извика гласно дека нема да дозволиме пристаништето Пиреја да стане отскочна даска за војната,“ напиша синдикатот на пристанишните работници на Фејсбук, истакнувајќи дека се „борат за мир“ и дека не сакаат „Грција да учествува во војната“. Дополнително, протестантите го испишале камионот со слоганот „Убијци, напуштете го пристаништето!“, како што се гледа на видеа и фотографии споделени на социјалните мрежи.

Иако Грција го поддржува правото на Израел на самоодбрана, истовремено повикува на итен прекин на огнот за да се спречи „незамислива хуманитарна катастрофа“ во палестинската територија.

Во меѓувреме, товарниот камион е под контрола на пристанишните власти, а отворена е и истрага за инцидентот. Според претставник на крајбрежната стража, е издаден налог за апсење на синдикалниот лидер, додека друг претставник потврди дека контејнерот имал важечка транзитна дозвола.

Слични содржини