(ВИДЕО) Ќе го исполни ли владата предизборното ветување за подигање на прагот за ДДВ?

од desk4
233 прегледи

Владата ја преиспитува примената на Законот со кој сите граѓани кои годишно имаат приходи од над милион денари или 16 илјади евра, се обврзани да и дадат на државата 18 отсто од парите на име ДДВ обврзник. Јавноста веќе неколку дена бурно реагира на социјалните мрежи дека со оваа обврска државата двојно ги оданочува. Но, иако зголемувањето на прагот од еден на два милиони денари беше предизборно ветување на СДСМ, сега од Владата тврдат дека сакаат да ги слушнат сите мислења пред да донесат решение, пренесува ТВ24.

„Владата на РМ ги зема предвид сите мислења на експертската и пошироката јавност особено кога постојат прашања за кои има различни мислења. Владата прави анализа врз основа на ставовите на различни засегнати страни и при носење на одлуките секогаш се води примарно од интересот на граѓаните на РМ,“ – велат од Владата.

Универзитетските професори во мај минатата година одржаа јавна дебата на која бараа промена на моделот и ја критикуваат претходната власт дека преку ноќ без јавна расправа го сменила законот со што создала правна несигурност и поттикнала даночно затајување. Професор Ванчо Узунов, тогаш тврдеше дека Владата во заминување го подигнала прагот за да собере повеќе пари во буџетот.

„Се случува да се воведе дополнителен данок на одредена група граѓани. Ако тие граѓани, досега не плаќање дддв, тој приход с што им оставува ќе си го ставеле во даночна пријава за персонален данок и ќе им се оданочи 10%. Сега, ќе им биде оданочен со 18%, значи имате и нефер третман. “ – вели Ванчо Узунов, универзитетски професор.

Сега како советник на Заев Унузнов не сакаше да даде изјава во камера. Во телефонскиот разговор рече дека сеуште го има истото мислење, но тврди дека проблемот со Законот е покомплексен, а подигањето на прагот е само паушално решение. Како го советувам премиерот е прашање што ќе остане меѓу мене и него, ни рече Узунов.

Даночните експерти велат дека Владата треба да го исполни предизборното ветување.

„Очигледно дека прагот е пренизок. Со праг од 1 милиом многумина фриленсери кои работата занимања се пропулсивни и носат некакви приходи се најдоа под цртата и треба да направат регистрација на ддв Според информациите на УЈП, тоа ќе одземе кондиција, енергија и бара сметководствено знаење и тоа товар.“ – вели Павле Гацов, даночен експерт.

Физичките лица, кои лани заработиле над милион денари вршејќи стопанска дејност годинава до 15 јануари требаше да се пријават во Управата за јавни приходи и да се регистрираат како даночни обврзници, за да плаќаат данок на додадена вредност. Кога еднаш ќе се регистрира како ддв обврзник, обврската важи пет гдоини, без разилика дали во следните години се надминува прагот од еден милион денари.

Извор: ТВ24