253
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на ГП Богородица за излез се чека исто така околу еден час, а на ГП Дојран за излез се чека околу 30 минути.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од километарски колони од возила од утринава пред граничниот премин Богородица, за влез во Грција.
“Добро утро “Илинденци”, убав провод”, пишува објавувачот на една од групите на Фејсбук.