(ВИДЕО) Ким Јон Ун и неговата сопруга се возеа во тролејбус во текот на ноќта во Пјонгјанг

од desk4
221 прегледи

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се провозил во текот на ноќта со нов тролејбус, произведен во градската фабрика во Пјонгјанг. На ова возење бил следен и од неговата сопруга. Ова беше објавено во неделата од страна на севернокорејската владина агенција ЦТАК.

Придружуван од голем број претставници на раководството на Партијата на трудот на Кореја, шефот на државата лично го проверил производството на претпријатијата и дошол до заклучок дека возењето со ваквиот транспорт е погодно: амортизацијата работи добро, возењето е меко, нема непотребен шум.

Пред неколку дена Ким ја посети фабриката тролејбуси во Пјонгјанг, каде истакна дека овој вид транспорт е потребен за воспоставување на цивилизиран живот на граѓаните без загадување на животната средина.

Тој ги разгледа различните работилници на претпријатието и новите модели на тројлебуси при што истакна дека Ким Ил Сунг би требало да се израдува, ако можеше да ги види најсреќните граѓани кои одат на работа во нови тролејбус.

За време на неговата посета, тој исто така рекол дека овој транспорт треба да стане лице на Пјонгјанг. Оттогаш поминаа само неколку дена и лидерот на земјата одлучил лично да се провози.

Почитуваниот раководител рекол дека ќе се смири само тогаш, кога сам ќе го тестира ова односно да се вози во новиот тролејбус … тој одвои време за да го прегледа градот доцна во ноќта, пишува ЦТАК.