Ким Кардашијан (36) во неодамнешно интервју тврди дека со тоа што го здобила – да ја сакаат луѓето – е нејзиниот талент . Таа се појави во емисијат “60 minutes”, пред да се случи инцидентот во Париз и со Бил Витакер зборуваше за нејзиниот луксузен живот и славата.

Кога ја прашаа за нејзиниот талент, таа рече:
“Талент е да имаш бренд кој е навистина успешен само затоа што си ги придобил луѓето да те сакаат поради она што си”.
Овој месец ѕвездата се увери за негативната страна од нејзината слава, кога беше ограбена под закана со оружје во Париз, но во интервјуто снимено пред застрашувачкиот инцидент таа изјавува:
“Јас верувам дека позитивните нешта во мојата ситуација и мојот животен стил, се покорисни од негативните”.
Таа признава дека некогаш нештата резултираат негативно, но дека може да се справи со тоа.

“Постојат стапици. Недостатокот на приватност, загуба на приватноста. И тоа не е за секого. Но за мене, јас можам да се справам со тоа” вели Ким додавајќи дека нејзината кариера е успешна само затоа што постојат социјалните медуими и дека нејзиниот живот е инспирација за многу луѓе.
Нводно, по инцидентот во Париз, таа одлучила да се промени, изјавуваат извори блиски до старлетата. Таа се повлече од јавноста за да се опорави од трауматичниот настан и живее во куќата на нејзината мајка во Лос Анџелес.
Во петокот го прослави својот роденден, но за разлика од претходните години, таа овој пат се откажа од голема забава. Нејзиното семејство и пријателите и го честитаа роденденот на социјалните мрежи.