(ВИДЕО) Ким Кардашијан во магично видео за списанието “Wonderland”

од desk2
102 прегледи

Откако Ким Кардашијан ги шокираше нејзините фанови со многу чудна фотосесија за списанието “Wonderland”, се појави и видеото за објавеното интервју.38b8b6eb00000578-3804319-image-a-28_1474645574846

Во интервјуто Ким открива дека некои од членовите на најблискиот круг на Тејлор, стапиле во контакт со неа откако таа објави видео на snapchat, од телефонскиот разговор на пејачката со Канје во врска со неговата песна, која Тејлор ја одобрува.

На сликите, 35- годишната реалити ѕвезда е испружена на кујнски шанк, облечена во бохо- фустан и бели свилени чорапи, со разбушавена коса и  раширени нозе, со неколку десерти покрај неа додека таа јаде шлаг директно од лименката.

На друга снимка таа носи пресечен-топ со долги проѕирни ракави и меки крзнени парчиња што и ги покриваат градите.

На видеото, кое што личи како реклама за некој парфем, Ким скоро и не прави никакви движења, само позира со заводливи погледи.38b8b72800000578-3804319-image-a-26_1474645537509

Во позадина на клипот оди класична музика и се слуша нејзиниот глас, додека таа вели:38b8832000000578-3804319-image-a-31_1474645951411

“Јас имам навистина едноставни соништа.

Навистина сакам, моите деца да веруваат дека можат да направат се. Само се надевам дека тие ќе бидат љубезни и кога ќе пораснат ќе имаат навистина прекрасен живот.”

“Многу сакам да бидам зафатена, но и обожавам да правам работи за самата себеси.” – додава таа.