Кинески воен авион се урнал вчера во станбена област во Кина, при што загина најмалку едно лице, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Авионот Ј-7 на Народноослободителната војска вршел обука во провинцијата Хубеи кога се урнал, при што биле оштетени неколку куќи. Еден жител загина, а двајца се повредени.
Пилотот пред несреќата се катапултирал од авионот и паднал со падобран на земја, при што се здобил со полесни повреди, пишува CNN.
На видеата на социјалните мрежи се гледаат куќи кои горат покрај урнатиот авион. Инцидентот се случил во близина на аеродромот Лаохеку во Ксијангјанг. Засега не е позната причината за несреќата. Властите истражуваат.