ВИДЕО: Кинескиот претседател пречекан во Москва со почесен строј и црвен тепих

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Авионот на кинескиот претседател Си Џинпинг слета во Москва. На аеродромот Внуково го пречека почесен строј, но и црвен тепих.

Да потсетиме, претседателот на Кина допатува во тридневна посета на Москва.

Ова е прво патување на Си Џинпинг во странство откако по трет пат беше избран за шеф на државата.

Како што соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неформалната средба меѓу претседателот Си и рускиот лидер Владимир Путин ќе започне околу 14:30 часот.

Главниот дел од програмата на посетата ќе започне утре во 13.00 часот.

Слични содржини