Портпаролката на евро-комесарот Хан-Маја Коцијанчич денеска уште еднаш ги повтори синиќешните пораки за последните политички случувања во Македонија по аболицијата на Иванов
“Ситуацијата од синоќа и изминатите денови, се следи од комесарот и високиот претставник се следи многу внимателно., а се зависи од властите во Македонија да ја преземат својата одговорност.Тоа е во интерес на земјата и на граѓаните.Она е што е многу важно е да ја преземат својата одговорност.Моментално контактираме со нив и нашата позиција е многу јасна. Она што го прашавте, не е точно дека нема кој да ја претставува ЕУ во Скопје.Имаме ЕУ делегација која е многу активна, пристутна и инволвирана.Ние сме многу активни и во Скопје и тука во Брисел.

Како што реков претходно ние сме многу активни.Ние се обидуваме да ја ги поддржиме работите што се направени.Ние знаеме дека постигнатиот договор беше постигнат со помош на комисијата и ЕУ.Со тоа , не дека не сме инволвирани ,ние сме многу активни.
(ВИДЕО) Заев: Ќе ги повикаме граѓаните да ја земат правдата во свои раце!
Не можеме да на правиме се ние самите и затоа реков дека се започнува со одговорноста на политичките лидери во земјата, а тоа е во интерес на земјата и на граѓаните. Ги видовте декларациите, ги видовте твитовите на комесарот Хан од вчера вечер, ги имам текстовите тука: Република Македонија се посвети за владеење на правото и борба против криминалот,а во оваа позадина на одлуката претседателот Иванов за ослободување на низа официјални лица сериозно не загрижува, и доаѓа во период кога сите партии треба да најдат начин да се заштити Договорот од Пржино. Ги повикуваме стите страни да избегнуваат интервенции што уништува напори со години на земјата и на меѓународната заедница за да се зајакне владеењето на правото. Важно е да се поддржи работата на СЈО и нејзниот тим , воспоставена од Парламентот и е дел од Договорот во Пржино да продолжи да истражува за серозни прашања од минатата година. Многу е важно да се подготват кредибилни избори и да се задржи земјата на евро-атланскиот пат. Важно е сите партии да се вратата на дијалогот и заеднички да им служат на граѓаните. “- соопшти Коцијанчич.