ВИДЕО кое ги крши срцата: Попович едвај стои на нозе, тажна глетка од легендарниот тренер

од Nikola Popovski
633 прегледи

Грег Попович, легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс, излезе пред медиумите за да се обрати на јавноста за последен пат како тренер на тимот од Тексас.

„Работите се подобруваат од ден на ден, но тоа не е доволно за мене да продолжам, па затоа е време да ја направам оваа промена“, рече познатиот тренер.

Попович официјално ја напушти клупата на Спарси по 29 години на кормилото, откако доживеа мозочен удар во ноември 2024 година.

„Ни треба личност која може да го даде својот максимум, бидејќи тоа е она што оваа група играчи го заслужува и го бара. Веќе го имаме тој човек во Сан Антонио.“ рече 76-годишниот тренер, со забележително нејасен и отежнат говор, како и забавено движење.

Неодамна на Попович му се слоши по втор пат додека бил во ресторан, од каде што бил изнесен со амбулантно возило. Неговото класично чувство за хумор покажува дека сè уште e силна личност по мозочниот удар што го доживеа на 31 октомври.

Тој се појави на прес-конференцијата облечен во маица на која пишуваше „Ел Џефе“, што значи шефот, а кога се сврте со грб, на неа пишуваше „Сењор Попович, претседател на кошаркарските операции“.

– Не сум повеќе тренер, сега сум Ел Хефе (шеф), кажа Попович.

Сè беше објавено во друштво на неговите поранешни пулени, Тим Данкан и Ману Џинобили кои му помогнаа да го соблече горниот дел од тренерката.

Под негово водство, Спарс освоија дури пет титули во лигата, а династијата траеше повеќе од 15 години.