377
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер наголемо се подготвува за завршниот мастерс во Лондон.
Федерер се наоѓа во група со Ѓоковиќ, Тим и Беретини. Иако има 38 години има одлична сезона и учинок од 51-8.
Многумина се прашуваат која е тајната на неговата долговечност. Швајцарецот секоја година целосно е физички подготвен, а тајната ја открива едно видео снимено пред две години.
Тука се гледа кои вежби Роџер ги користи за подобрување на физичката подготовка и координација, а тој тоа го истакнува како клуч на неговата долговечност.