Кога и да ги слушнеме тоновите на феноменалната “Comptine d’un Autre Eté: l’Après Midi” на Yann Tiersen ни заигрува срцето, но малкумина од нас би можеле и физички да ја оттанцуваат, а уште помалку би се осудиле така да ја ослободат душата на сред улица.
На радост на сечии очи, палестинската танчарка и кореографка Рима Баранси го стори токму тоа за време на својот одмор во Триесте, Италија. Нејзиниот татко Асад Баранси го снимил ова видео додека ја охрабрувал да танцува на музиката која, пак, ја изведувал словенечкиот виолинист Иво Ременец во својот уличен перформанс.
Уметноста е секаде околу нас, само треба да ја живееме.