Александар Пановски. Ове е единственото име од Македонија кое засега може да се прочита на интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде вечерва треба да бидат објавени податоците од скандалот наречен „Панама Пејпрс“, информира Телма.
На шемата претставена на сајтот, Пановски се поврзува со компанијата „Ориент Оил и Гас Лимитед“, која е регистрирана на адреса на Британските Девствени Острови. Имено, како што пишува, тој е директор и акционер во овој офшор субјект од 8 јуни 2009 година. Телма стапи во контакт со Пановски. Тој не сакаше да даде изјава, но во телефонски разговор ни ги потврди сите информации, објавени на сајтот иако, како што ни рече, не му е јасно зошто неговото име е објавено таму.
– Јас сум сопственик на компанијата „Ориент Оил и Гас Лимитед“ и преку неа работам со трговија на нафта, метали и други производи. Не гледам ништо чудно и спорно во тоа што поседувам фирма на Девствените острови. Тоа е пракса што ја применуваат многу луѓе кои работат со овие производи. Веќе 20 години живеам надвор од Македонија и во земјава немам регистрирано никаква компанија. Моментално живеам и работам во Иран, изјави Пановски.
Повеќе на оваа тема тука
