Пејачката смета дека е саботажа, продуцентите – техничка грешка.

Мараја Кери, стана предмет на потсмев и критики по нејзиниот грандиозен неуспех во новогодишната ноќ на Тајмс Сквер во Њујорк. На сцената таа се шеташе без да може да ги запее своите песни, а некои обожаватели ја определија за “музичка грешка” и “последната жртва на 2016 година”.
Мараја Кери побрза да се оправда со продуцентите на шоуто и дури стигна до крути обвиненија – за саботажа.
Не задоцни и одговорот.
“Да претпоставувам дека Dick Clark Productions како продуцент на музичкото шоу, вклучувајќи American Music Awards, Billboard Music Awards, New Year’s Rockin ‘Eve и Academy of Country Music Awards, ме саботира намерно и успехот на некој уметник го претвора во клевета, срамота е и целосно апсурдно “, пишува во официјалното писмо.