(ВИДЕО) Колеџот во САД под блокада, загинаа две лица

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Две лица загинаа во престрелка во колеџ кампус во Ирвинг, северозападно од Далас, Тексас, веста ја потврди полицијата.

Се претпоставува дека еден од загинатите е напаѓачот.

“Се чини дека напаѓачот прво убил едно лице, а потоа извршил самоубиство. Тој веќе не е закана, но полицијата ќе продолжи да го пребарува кампусот “, објави градската полиција.

Колеџот Норт Лејк издаде предупредување до студентите во кое се наведува дека треба да се забарикадираат во соба и да чекаат понатамошни инструкции од полицијата.

Полицијата во градот Ирвинг во Тексас претходно изјави на својот Твитер профил дека во околината има “активен стрелец”, пренесува АП.