(ВИДЕО) Колони пред бензиските пумпи: Рекордно поскапување на горивата

од Берта Китинска
248 прегледи

Граѓаните вчеравечер откако РКЕ ја соопшти новата цена на горивата побрзаа да ги наполнат резервоарите поради вечерашното големо зголемување на цените на горивата.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за значително поскапување на цената на горивата и од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат по рекордна цена.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 104 денари за литар

моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС 98 – 106,50 денари за литар

дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95 денари

масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93 денари/литар

мазут М-1 НС – 54,640 денари.

Оваа корекција Регулаторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, во денешната пресметка (31.05.2022) се исти со претходната пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност, дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност, се наведува во соопштението на Регулаторна комисија.

Од Регулаторна напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слични содржини