
Без политички пораки, без дел од командантите до себе на централното славје, со националитичка иконографија и песна во која е опеан Али Ахмети, ДУИ го прославија денот на албанското знаме и албанската независност, информира 24Вести .
На улиците, иако спротивно на Закон, се вееја знамиња, во салата голем број функционери аплаудираа во публика сред работно време , иако 28 ноември не е празник во земјава.
Видливо беше отсуството на Рафиз Алити, Хазби Лика, Фатмир Дехари. Од ДУИ единствено одговорија дека Дехари бил на свеченост во Кичево, но немаа став за бојкотот на останатите. 24 вести се обиде да ги добие сите, но не беа достапни за коментар.
Лидерот на ДУИ на сопартијците им порача дека жртвата на Албанците нема да биде заборавена, бидејќи поради нив, како што рече во Македониај без страв се празнува денот на албанската независност.
Целиот текст можете да го прочитате тука