(ВИДЕО) Кошмар во Германија: Фудбалер загина во несреќа

од desk3
190 прегледи

Трагедија го снајде елитниот германски Хановер 96. Од клубот соопштија дека во сообраќајна несреќа загина 19-годишниот фудбалер на тимот Никлас Фајрабенд. Младиот напаѓач имаше професионален договор до 2018 година и во текот на оваа сезона на два пати се најде во групата за натпреварите од Бундеслигата, но така и не го направи своето деби.

1462107226fd

Заедно со Фајрабенд во инцидентот живот загубиле уште двајца млади – момче и девојка на по 18 години. Тројцата биле на задното седиште на Опелот, кој излетал од патот и се удрил во дрво. Возачот и другиот патник на предното седиште се живи.

“Изразувајќи искрено сочувство на семејството и пријателите на Никлас. Сите играчи, тренери, навивачи и вработени на клубот сме шокирани од она што се случило. Никлас, никогаш нема да те заборавиме”, изјавија од Хановер 96.