Два тима на Националната сеизмолошката служба на Србија се на терен по земјотресот во општина Косјериќ, големината на штетата ќе биде позната до полноќ

Силен земјотрес од 4,6 степени според Рихтер ја погоди синоќа Општина Косјериќ во Србија. Тој се почувствувал и во Белград!
Претседателот на Косјериќ Милијан Стојанчиќ денеска изјави дека во Општината по земјотресот кој се случил минатата ноќ се оштетени околу 100 куќи, а просечната штета се проценува од три до 10.000 евра.
“Во зоната на епицентарот, селото Мрчиќи,и околината се оштетени стари згради изградени во 70-тите години од минатиот век„. Тој рече дека два тима на Националната Сеизмолошката служба (RSZ) го испитуваат теренот.
Работата на теренот ја забавува снегот што нападнал на периферните области на општината.