(ВИДЕО) Кралицата со лидерите на Г7: „Демократијата се врати“

од Nikola Popovski
600 прегледи

Британската кралица Елизабета синоќа била домаќин на европските лидери по состанокот на Самитот Г7.

Покрај кралицата, на приемот присуствуваат принцот Чарлс и војвотката Камила, како и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Меѓу првите кои пристигнаа беа британскиот премиер и неговата сопруга Кери, а подоцна американскиот претседател и прва дама Џозеф и Џил Бајден, канадскиот премиер Џастин Трудо, францускиот претседател и прва дама Емануел и Брижит Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и германската канцеларка Ангела Меркел.

Вечерата била послужена по почетниот ден на состаноците на Г7. Лидерите на напредните светски економии се собраа на бреговите на Корнвол во петокот за првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Глобалната економија е на врвот на агендата, а во следните денови ќе се дискутира за даночната стапка и помошта за земјите во развој.

Американскиот претседател објави фотографија на лидерите со кралицата на својот профил на Твитер и истакна „дека демократијата се врати“.

Слични содржини