(ВИДЕО) Кремљ незадоволен од предизборен спот на Трамп

од desk3
74 прегледи

Кремљ критикуваше предизборен спот на Доналд Трамп, во кој се појавува претседателот Владимир Путин, тврдејќи дека тој ја демонизира сликата на Русија, соопшти Ројтерс.

“Го видов клипот. Не сум сигурен дали Владимир Путин го видел. Но нашиот став е негативен”, изјави кремљскиот портпарол Дмитриј Песков.0000296360-article2

“Јавна тајна е дека демонизирање на Русија и на се што е поврзано со Русија, е задолжителен атрибут на предизборната кампања во Америка. Ние секогаш сме жалеле искрено за тоа и би сакале изборниот процес во САД да не се одвива со слични референци кон нашата земја, “, рече Песков.

Агенција ТАСС објаснува дека предизборниот клип на Трамп е насочен против главната конкурентка од Демократската партија Хилари Клинтон. Но главните противници, со кои на новиот претседател на САД ќе си има работа, се прикажани како безимени терористи, насочуваат пиштол против гледачите, и претседателот на Русија Владимир Путин.

Вака тоа изгледа во “паметот” на Путин: Операцијата во Сирија “подобра вежба од воени вежби”

Според Ројтерс целта на видеото е да фрли сомнеж врз способноста на Хилари Клинтон да се справи со Путин и противници на САД како целина.

Тоа покажува колку рускиот лидер со леснотија го руши на душекот противникот во џудо и маскиран џихадист со насочено оружје кон камерата. “Кога станува збор да се соочиме со најтешките противници, демократите имаат совршен одговор”, гласи текстот во видеото, по што се појавува снимка со Клинтон, лае како куче на предизборна манифестација минатиот месец, додека се потсмева на републиканците пред да биде прикажан повторно Путин, кој се смее, а во видеото се појавува текст: “Не треба да се оставаме да бидеме срушени на тој начин”.