
Две лица се убиени, а четворица повредени и хоспитализирани откако маж влегол во јавна библиотека во американскиот град Кловис, Њу Мексико, и отворил оган, пренесе Ројтерс. Стрелец е уапсен, тој се предал откако полицајците влегле во зградата, објавија локалните власти. Не е јасно какви биле мотивите на младиот човек, кој според очевидец, влегол во библиотеката и почнал да пука во воздух. Кловис е со население од 40.000 жители и се наоѓа на околу 300 километри источно од Албкерки, недалеку од границата со Тексас. Околу осум милји од Кловис има база на воздухопловни сили.