Швајцарските железници презедоа интересен пристап во одржувањето на тревата покрај железничките линии, пишува локалното издание The Local.
Оваа пролет најновите работници на државната железничка компанија се стадо овци од расата Скудето. Животните ќе дејствуваат како косилки на четири нозе . Тие се особено погодни за стрмните насипи, кои се тешко достапни за механичките косилки за трева.
Железничкиот систем на Швајцарија опфаќа повеќе од 3 илјади километри линии, од кои многу се на планински терен. Овците ќе се безбедни додека пасат, благодарение на електрифицирани мрежи покрај линиите. Секој кој сака да го следи правецот на овците може да го стори тоа преку онлајн картичка која се ажурира со најновите локација на стадото.
Овците почнаа со работа овој месец. Од компанијата тврдат дека овците се “подобри од конвенционалните косилки за трева”, бидејќи тие внимаваат што јадат и заштитува многу диви цвеќиња, а не како луѓето кои “уништуваат сè”. Освен што се еколошки, животните се исклучително ефикасни, застанувајќи само за неколку часа на ден за спиење. Според компанијата, тие се и “многу забавни за гледање” во споредба со стандардните косилки.